вазна ж.

вазна (ж.)

И знам дека кора ќе се вратиме дома, јагликите ќе зафатат место во најубавата вазна, а јас ќе морам заедно со Билјана да размислувам за приказната на старецот и да одговорам на стотици прашања што Билјана секако ќе ми ги постави.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На мала масичка голема вазна со цвеќе, на ѕидовите слики, во еден агол пијано; таму е Мишко - изведува нежни акорди.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
САЗДО: (Просто паѓа во фотељата и додека погледот му е закован врз цвеќето во вазната, на неговото лице расцутува насмевка.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
5. ИБРИК СИ Е, АЛИ БАРДАК - но дека си има сред вазните рода како реликвија музеите го вардат непуштајќи го да оди по вода...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Не можев да ги задржам солзите кога Вера сама, со свои раце, ги наместуваше цвеќињата што ги набравме од нашиот двор и ги донесовме за вазната од камен на гробот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ѕидниот часовник – предел во кој да ги откриеш тајните лузни на душата; песокта што ги покрива невратените; првата насмевка што се раѓа во крошните; полноќната птица што избега од библијата; прекрасните дождови што патуваат од праискони и чекаат пред портите на пролетта; пеперутките што во својот лет го пишуваат името на мојата татковина; `рѓосаниот меч на воинот; исчезнувањето на зборот; тревата весела како детенце пред да му облечеш кошулка по бањање; ноќта во која исчезнаа светулките и се скрија меѓу цветовите на сината вазна; бесконечните надоаѓања на болката и на огнот,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тоа е вистинското негарско село зашто пред секоја колиба работи по некој негар или негарка: шараат вазни, плетат кошници, ткаат, плетат, везат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Едно обично биро, еден удобен железен кревет и уште еден скромен работен кабинет и една обична вазна за цвеќе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кемал многу сакал цвеќе и денес секогаш неговата вазна е полна со цвеќиња од сите годишни времиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ја преполни куќата со цвеќиња–изобилство полско цвеќе, темјанушки, нарциси во вазните, зумбули, фикуси, филадентрони; кактуси во саксиите, дури палма и лимун чии прв жолт малечок плод го држеше на дланката како да се плашеше дека ќе исчезне.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Можеби дури ќе успеете и да го заборавите додека се шеткате меѓу несмасните надгробни споменици од осумнаесеттиот век, понекогаш налик на вазни, што можат да се добијат на некоја уметничка лотарија, но почесто личејќи на облаци вкаменета пена од прашок за перење; потоа меѓу надгробните споменици од деветнаесеттиот век, интересни поради мешањето на рускиот класицизам и уште по нешто руско, се чини, духот на апсолутизмот и, најпосле, помеѓу надгробните плочи од последниве децении, неромантични, каков што е обичниот алат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мајка знаеше што да прави со цвеќето. Имаше сина вазна, донесена од Италија, при нејзиното единствено патување во животот со мажа си, спасена при напуштањето на куќата крај Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Среде отворените книги, мапи, цртежи на јагулите, беше ставена мајчината вазна со Игоровото цвеќе што растеше крај Езерото, со свежа миризма и покрај доцната есен.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Широката маса беше покриена со зелана простирка, наменета за свечени прилики, а среде имаше вазна со цвеќе.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Само едно стракче беше загледано на другата страна и се обидуваше да го префрли работ, да излезе од вазната да ја допре и да и се предаде на светлината и заедно со неа да се искачи таму од кај надоаѓаат походи небеска љубов.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На син ми Жорж и снаа ми Лидија Во древна кинеска вазна сноп исушени цветови, со долги стракчиња, се поткренале нагоре, ги подале главчињата и сите свртени на една страна слушаат светлината како раскажува за походи небеска љубов.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сега авторот веќе имаше доволно податоци што ги собра по село кко парчиња од скршена вазна со убави изгледи да ги состави и залепи, да го добие изгледот на целата вазна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Застануваат крај масичката која е покриена со прекривка и врз прекривката голем буќет цвеќиња во убава порцеланска вазна. И вазната нашарана со цвеќиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Станувам и во вазната турам вода на цвеќето со бои на есен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Затоа, за разлика од бегот, тој побрза да ги расчисти утапканите траги, бидејќи и цвеќето што стоеше во вазната среде маса тоа му го одобруваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе