бутур м.
бутуриса св.

бутур (м.)

Од долги проучувања и набљудувања, веќе имаше и свои заклучоци: ако ѕвездите од северната страна започнуваат како престоени цветови да венат губејќи ја бојата и сјајот, претскажува дека ќе фатат големи болести по луѓето: улери, дамли, трески, тифуси, офтики, чуми, бисерки, приштови, заушки; по ајваните: шапови, бутури, метили, лигавки, сараџи, красти, струпци; по кокошките: слепило, вртиум; по кучињата: беснило; по полето: каклици, жудилки, глутници, спарини, мемли, скувалки, пепелаш; по дрвјата: пајажини, гнилачки, имела, трат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Витосајте се, викнал трет каменоделец. - Што бутур ви е в грло да се клоцате?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
4. Сетики знаете дека има разни коали Има коали чауши и обични мали гладни коали Има коали со здрвени вратови Од сонување саде во една иста положба Има коали кои не гледаат ни централни ни споредни вести И ич бутур не им е заради тоа Коалата не е коала ако не грицка лисје од еукалиптус
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
- Не ти треба ни држава ни бутур. - Џандари у планина не идат, а ќе бидеш и поблизу до Бога.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Коа нема трава може и табли да кркаат - рече падавичарот и почна неартикулирано да мрда со главата. - Абе какви табли каков бутур.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)