бумбар м.
бумбарест прид.

бумбар (м.)

Ако излезе бумбарот, ти ќе бидеш магаре и јас ќе те јавам до крајот на улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Сега бумбарот веќе не е внатре. - А каде е?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во прозорското стакло удираат првите капки со заслепеност на предвечерни мајски бумбари.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Постојано се фалат и ни брмчат како бумбари околу нас. Најпосле, еден ден тоа ни препука и ни здодеа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Над папратот, над шаторите, штурците и бумбарите веќе ги гласеа инструментите за својот денешен, пладневен концерт.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Да не се бркаме, да не се бесиме, да поминиме ошче некоа и друга година, па после бумбар патласан, ако сака с'нце нека нѐ грее кога ќе и затвориме ние очите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си се фатил со бумбари лепешкари, тоа ти е...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се слизнав и легнав на плочата. Бумбар.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Младоста е оној недофатлив пладневен лет на бумбарот кој брмчеше низ твоите платна од жолтиот период, крај крушите паѓалки, над жолтите октоподи.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Многу уметници престануваат да бидат тоа во моментот кога сфаќаат дека согласно со овој пустински бумбар тркалаат парче измет (честопати примамливо декориран, што е уште потрагично).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
-Најмногу се плашам од мајските бумбари!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Бумбарите летаат во приквечерините.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Златни бумбари наеднаш прошетуваат низ озвучениот воздух Зарем и нив ги имаат моделирано градителите на храмов Таму горе, во рајските работилници?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Нема ништо да се позлати ако златен бумбар ти го облета шеширот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Среде вревата ќе набасате и на такви кои вџашено допрашуваат дали слушате дека брмчат пчели и бумбари и дека тукушто не почнал нивниот заеднички десант врз Фиренца.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)