була ж.

була (ж.)

- Еј, млекаџи, млекаџи -викна од зад портата една була. Трајче се доближи до портата, булата, скриена зад портата го покажа тенџерето, со парите внатре, и рече: - Вер бир кило!*
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Оџо, знаеш ли дека имам превртено була? Летоска, в јачмен. А тоа ќе го сторам и иногда.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„А јас една твоја була на рамазанско пладне. Слушаш ли? ... Јадр'м, господи, послушај ми го аберов.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„И со овие заби ќе умеам да се одбранам ... Така - а? - була в јачмен. Пред големиот Бајрам.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас и Оливера Поточка одиме со главата в торба, што се вели, влегуваме по куќите и ги отскриваме булите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Булите одеа полека и држејќи се под мишки една со друга.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)