буен прид.

буен (прид.)

Еј, јуначка луда, крв црвена, рујна, ти не ли се жалиш што вака се сипеш по ледини ридски, по тревата бујна?
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Загинавте млади, о јунаци бујни, мажествено, чесно, со пушките в рака, И пред да се кренат бајраците рујни, на агата вие му внушивте мака.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
СИМКА: (Млада, бујна девојка внесува од другата соба миени садови и ги реди на полица во долапот).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И куршум екна – пропиште онаа песна проклета. Стојана в гради погоди, смртна му рана отвори, замина, „оф!“ не испушти сред младост бујна, јунашка.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Од бујниот Вардар до Соча и Драва во секое срце денес радост плива, - Републико наша, мила братска стрео, да си вечно славна, да си вечно жива.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Облекла Стојна руба партизанска, отишла Стојна во гора зелена: „Горо ле горо, горо зелена, горо зелена, шумо бујата, чуваш ли брата, брата Јована?“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Жетвар жнее, в поле клас се рони, солнце пече, зрее жито златно, бујна песна, низ полето ѕвони: „Дејди, Јано, дејди мила душо, дал' навезе Гоцевото знаме!“
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Од пеењето ќе му пукне малата душичка и тој, со капка крв на клунчето, ќе се стркала од лисјето во бујната трева.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Доста ги бришеше солзите и веруваше дека од устата на стрина Маловица господ зборува и сето си го претстави во нејзината бујна фантазија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од сѐ повеќе ја разубавиле бујните гради кои, наполнети со млеко, само што не се истуриле надвор од гушалето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зелениот арапски ат немирно подигруваше под него и често ги тргаше рамењата од уздата, барајќи слобода да поигра под својот господар по рамното поле, но овој не му дозволуваше, и тој правеше цик-цакови по ливадите да ја смири својата бујна крв.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пред очите и излегоа светите ликови на мајка ѝ, татко ѝ, брат ѝ, а како последна утеха ѝ излезе ликот на нејзиниот избраник Стојана со целата негова овчарска младост, свежина, бујност и убавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За сите одговори Ајша: – Го чекаат добриот кадија да ги погали. – Само да ги погали? – божем ја праша кадијата Ајша и почна со ред лево и десно да ги гали младите жени по бујните коси.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да можат да говорат окнестите камени мостови префрлени преку брзите, бујни реки во Босна или седумте божји храма соѕидани со негови раце во различните краишта на Далмација - многу нешто би можеле да раскажат за копнежите на Аргировата душа во најубавите години на неговиот живот, кога беше полн со сила и полет, готов да ѕида и на самото морско дно, за да види светот што знае и што умее тој.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Коњот пак исцвили. Ја затресе бујната грива, се исправи на задните нозе и како стрела летна со војводата кон Мечкин Камен...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Млада, свежа, убава пролет со кукурек и синолички, со бујни потоци, шарени ливади и нови солзи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не сети како го помина просторот од пристаништето до оваа тесна улица каде што се потајува во бујната зеленина на бршленот вратата на магазинот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јадар и плеќест, неговата тркалезна глава беше обрастена со бујно навиткана коса која му се мешаше со исто така бујната брада. Усните му беа набабрени и напукнати.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Брадата почна да ја бричи, а неговото тркалесто лице го красеше бујна костенлива коса.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од левата страна на бујната и пенлива река Вардар е старото скопско Кале.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе