будилник м.

будилник (м.)

Од другата соба се слушаше будилникот. Неуморен ковач- време, мислев.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А кога жиците ќе прснат, гласот на Паганини ќе молкне како скршен будилник. Не, како заклан петел.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не го чувствува остриот мирис на згниени дуњи, ни дебело напластениот прав по расфрланите кошници, куфери, вази, книжни цвеќа, порцелански чаши за пиво, распукан будилник, картонени кутии, скршен глобус, парчосани географски карти...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Навиениот будилник во него беше сигурен и непогрешлив. „Јас сум ти потреба?“ го праша еднаш таа стискајќи ја со коленици неговата рака.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А немал ни будилник пред мугри да му ѕвони.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Па едно будилниче, кога сега би постоело на колибата, добро би можело да послужи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чај од јасмин? Тоа се славеи меѓу калинките, да. Шеќер? (Навива будилник.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ослушкувај како на полицата над твојот кревет будилникот ги отчукува чекорите на времето.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Илузијата што ја скриви птицата веќе не постои Исчезна и опашот и жолтиот клун и монистата на песната На гранките ѕвездени гроздови Зборовите паѓаат врз белината Сѐ е стокмено како во градите на будилник Безброј лостови ја држат напнатоста Прстите шетаат по ‘рбетот на времето Но гласот на сестра ми го слушам додека се обидува да го смести својот насмев на лицето на една исплашена кукла.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Говор во ќелија Страв од згура, преселба Под весели шешири Со очи што намигнуваат Лице од виолина Пламен крај патот, лежење На постела од музика Што сослушува упорно Будилник на полицата Време во тегла, тајно Прозорецот зинува И дише, длабоко дише
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Како вчера да беше, позади зелената трафика кај „Работнички дом“, го пропуштав првиот, па вториот, третиот автобус, додека мајка ми дома на ходник со будилникот в рака ме чекаше броејќи ги минутите... од 21 часот па натаму, со истата реплика: „Само ако дознае татко ти, тешко тебе!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)