буден прид.

буден (прид.)

Се начичкавме на стаклената врата и живо ѕиркавме во сандакот со десетина маси, со тезге, зад кое газдата спиеше буден, со зли келнери и меки полни певци, нацрвени и сонливи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А кога во ноќта како пред огледало минатото се слее во иднината беспоштедно ме прогонат во мракот двете будни очи на вистината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
И така уште буден лежам принуден в молкот да се слеам (Ноќва од чудни плодој тежи што не ме пуштаат да пеам) Селата сами в ридје спијат сред сева блага страшна тихост (Крени во себе палав вихор по ѕвоната да бијат бијат)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ќерка му се превртува во својата постела и залипува, а човекот не знае - на сон ли плаче таа или будна е.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Зошто не работиш како инџилир или доктор?“ Проклети смолари, се тргна. Ве сонувам и буден.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред тој да дојде - ме уби веста за мојата смрт?“ Не знаеја дека е буден и се збунија, покајнички и смерно, како пред семожен исповедник, намалувајќи се, обајцата до тој миг занесени само со една слатка и којзнае од кога недоживеана љубовна игра.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа ноќ кој бил буден околу полноќ и кој фрлил поглед кон небото ќе забележел нешто навистина чудно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но, тука како и насекаде каде што живеат луѓе имаше будни очи што ги демнеа новопристигнатите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега срнчето го откри буден. Беше еден поглед кон неговата постела, во кој немаше ни трага од онаа провалија од синојка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не ни помисли на својата пушка. Само остана на прозорецот, а оној мршар, со своето суво тело и со својата старост, еднаш сепак мораше да го сети буден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Буден, само колку за да ја сфати сета острина на својот пораз, една проклета, нерадосна будност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А зло или бог одново ги успа ѕвездите И само таа, твојата ѕвезда е будна: Стои така загледана кон земјата и моли...
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Тој знаеше дека постои тајна организација, но знаеше дека има и друга сорта арамии за пари, та ја поостри будноста да ја запази имовината на своите чорбаџии од Рим и Париз.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
РАЈНА: Зошто не спиеш? ЕВТО: Затоа што сум буден. Што не спиеш ти?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Поарно е малку да се отспие и да биде човек трезен кога е буден. (Пауза.) Ја сретнав Лиле. Праша како си и те поздрави. СТЕВО: Не ми е гајле.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Каде ме водите далеку од мене во буднава несоница.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Не случајно: Никола Кирков е едно од нашите најопитни новинарски пера, цели четири децении буден и дежурен толкувач на најдинамичниот период низ кој минува македонската историја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Вториот дел од будењето беше поврзан со будниот карактер на ѕвонарот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Единствено и тогаш и подоцна, како за целиот свој живот што остана будна, и, се разбира, како секогаш закопчана одгоре додолу, тоа беше другарката Оливера Срезоска, нашиот помошник - управител.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повеќе