брчка (несв.)

Отец Симеон бараше во познато лице нешто, брчка или боја, грч некој, што ќе го откриеше сеќавањето на нивниот последен разговор.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вреска ко јаре и го собира лицето, ја брчка лигавата кожичка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред сите тие луѓе стоел крестоглав човек со чабав кожув и се клештел со љубов за пролетната топлина или можеби не можел да ја поднесе сончевата штедрост; не се смеурел, лицето му го брчкала исцрпеност на каменоломник а неговата старост не можела да се прочита ни од очите ни од жилите на вратот и на рацете.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаше во него нешто старо, некаков печат на прерана старост, иако под брчките (особено често го брчкаше челото, што заедно со очилата со ефтини рамки му даваше изглед на млад старец) се гледаше дека тоа е лице на дете.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги брчкаа челата небаре од преголема мисла и длабока умисла сами се избраздиле.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Додека Костадинка, Коца, растеше во нејзиниот мев, брчкајќи се во нејзината лошотија, која се дуеше како Тодора со оки да голта воздух, ибн Бајко се прчеше: ете, ѝ го најде лекот. Но, пак се прелажа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кревката млада кожа, оптегната преку черепот, почна брзо да се брчка, на челото му се појавија првите оросени бразди, несвојствени за неговите триесет и пет години, предвесници на староста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Немој така да го брчкаш носот, оваа визба е модерно место.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И баш тогаш во соседството Езра Паунд ќе проломоти нешто против Евреите и ќе им ја расипе таинствената размена на стихови и ноти КАФЕ ФЛОРИАН: БАЈРОН И КЕЛНЕРОТ СО КРАСАТИ УШИ знам, сум читал некаде, дека бајрон на времето измислувал разни легенди за мостот на воздишките и за други чуда во венеција диванејќи баш во кафето глориан, по него, еве, со години се влечкаат талкачи од цел свет мислејќи дека легендите, ако се од бајрон, не умираат, мислејќи, исто така, дека е крајно време на терасата на кафето флориан да се одржи оснивачки конгрес на талкачката интернационала - талкачи од сите земји распрснете се низ светот да ечи на конгресот на талкачите да ечи да ечи додека гулабите масовно не запавтаат со крилјата во знак на протест што талкачите не оставаат ништо за колвање а и додека на самите талкачи не им се спуштат венецијанерите пред очи кога келнерите ќе ги донесат сметките. знам, сум читал и други нешта за кафето флориан, разни бајки и разни истории има за него и за ланскиот снег во венеција, во разни извори на завидливост, тегобност и несигурност се брчкаат талкачите пред кафето флориан, мене ми е редот за редовната доза сладолед, а време е да се испопраќаат и смс пораките, па прецизно да се види на мапата во мобилниот телефон уште колку останало да се талка - наеднаш, не баш неочекувано си се насмеав во себе, онака за свој грош, фаќајќи се во мисла дека ќе му ги истегнам красатите уши на келнерот во флориан кога ќе ја донесе сметката и кога ќе почне да ми бандори за лековитите својства на киселините од изметот на гулабите, отшто во измет од гулаби се сплеснувале сите теории и благородни идеи на талкачите од бајрон наваму
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)