брут (м.)

Хлапец, проклет би и посеј малечка татковина на дланките со неа да си ноќеваш со неа да се будиш и на распјат со неа ќе те одведат со еден брут ќе ве заковат, хлапец, вековите крај вас на поклон ќе доаѓаат и волчиците своите малечка ќе ги доведуваат на љубов да ги учат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ах, хлапец, под ноктите си скрил земјичка татковината на дланки да ти израсне: поздрави се со својата несреќа, хлапец, на распјат заедно со неа ќе те одведат со еден брут ќе ја заковат,хлапец твојата небида на дланките.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Со денови, со ноќи, откако извишија ѕидовите, Откако во правта околу нив, под нив Се препознаваше белиот малтер Измешан од сонце, од воздух, од дожд, Мајсторот дигаше, ги потпираше, ги врзуваше Греда по греда, штица по штица, Коваше брут до брут, клин до клин, Сѐ дури не се покажа костурот на покривот Сѐ дури не дојдоа сите да ја даруваат куќата, Сѐ дури не извиши таа повисоко од сите други куќи Од каде можеше убаво да се види месечината Како влегува низ отворениот прозорец И лази под постелата на заспаното детенце во старата куќарка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Му наредија да донесе железо, штици, камења, греди, песок, кламфи, клинови, вртки и одвртки, синџири, железни плочи, клешти, брутови, токмаци, пили и со сите сили да го искачат на највисоката точка од планината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
17. Намерно не ви кажав а ќе ви кажам оти од вас ништо не кријам Дека се случуваше понекогаш да се состават некои парченца Од моите соништа од циклусот за пропаднатите империи И тогаш ќе го видев Цезар како ’рчи Ако не знаевте Цезар се брои како голем светски ’ркач А неговата љубовница Сервилија Цепонис мајката на Брут После ноќното следување бегала во соседната просторија Знаејќи дека Божјиот син спие гласно И дека молежливото опоменување ’рчиш Цезаре не помага И ќе го видев Цезар како плаче како мало дете Кога ќе се разбуди испотен и сам Плаче ту за малку мајчинска нежност ту за капка врело млеко од кобила
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)