броен (прид.)

Сред грмежи страшни, сред пукање често, без смисла е дури командата бојна: „Отстапујте, момци, на сигурно место, нѐ напаѓа сила неизмерно бројна“.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Вам секако Ви е познато дека овде во Софија деновиве се основа Македонско научно-литературно друштво: Вистина, засега околу него се собраа десетина луѓе, но ако не се преземат соодветни чекори и не се протера Крсте Мисирков од Бугарија, тоа за кусо време ќе го опфати грото од македонската бројна емиграција…
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бандата направи препад токму на полноќ, кога изморените сејмени, ги налегна дремка, та разбојниците иако беа бројно многу помалку од сејмените, успеаја да ги опљачкаат колите и да ги одведат сите дванаесет коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И тврдините, црквите, манастирите и старите - дотраени куќи наоколу, обвиени и оживеани од бројните приказни и легенди за едно бурно минато, секој час раскриваа пред неговите очи нови облици - сѐ побогати и почудесни...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Требаат дрва, треба храна за добитокот, за кучињата, за мене! - се слушна Бојан себеси како зборува, како сам си одговара на бројните прашања што му се роеја во мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас тука, од мојот скромен поетски опит, ќе се обидам само да си ги преповторам себеси толку познатите и толку значајните белези со помош на кои поедноставно сум си ги разрешувал своите бројни дилеми во процесот на создавањето на песната.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се разбира дека ваквата постапка не може исцело да ги задоволи ниту потребите на „Стремеж“, ниту пак да ги објави бројните искушенија пред кои се наоѓа творецот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Низ цела Холандија, испресечена со бројни дијагонали вода, не можат да се видат извишувања, освен покривите на висококатниците, фабричките оџаци и телевизиските кули.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со Солун како да се судриле Ориентот и Западот, па овој белег е присутен на секој чекор, преку бројните ахчилници, ориенталските слатки, а најмногу во старата чаршија, на дното од прочуената европска солунска улица „Цимиски“, каде што уште во еден агол сѐ стои така, како што било уште во „турско“ - стари дуќани и магазини со ќепенци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со своите бројни стада, со шарпланинците, посебно со својата мијачка облека и говор, и со сточарската исхрана, бакрданик, сирење, грав, и овчка пастрма, за сите пелагониски селани, посебно за жителите на Потковицата, во чиј синор спаѓаше заветрината, мијаците претставуваа вистинска атракција но не и туѓинци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но има неколку години како се припрати, со бројна дружина составена од Турци и ѓакони вооружени со пиштоли, со топузи и со крстови, прилепскиот грчки поп, некојси Хаџи Ташку, Влав, и се натура тој да ги врши обредните работи и околу Водокрстот и околу сите празници во Потковицата - така било од памтивек, вели, сите работи во врска со христијанската вера во Потковицата ги вршеле грчки попови и на грчки јазик.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Придружниците бројни ти се и моќни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Луѓето се чудеа... Што наумил сега Чанга? Каква прослава на враќањето кога му се готви јамка, кога му се бројани дните и нему и на козите?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бројни беа француските пријатели. Големиот актер-уметник Жан Негрони, пријател на Жерар Филип, му го позајми својот глас на текстот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Силите што беа за помирлив тон со козарите и козите не беа толку бројни и гласни, зашто се плашеа од изразито антикозарските кадри, кои беа готови да ги манипулираат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вчерашниот новинар беше првиот човек во текот на бројните месеци.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Играта на зборови сама по себе претставува суптилен коментар за функциите на јазикот, каде распоредот на согласките ги сугерира бројните потенцијални значења, а во исто време ú се потсмева на конечната дефиниција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Понатаму сме информирани дека за кратко време двајцата сликари станале блиски пријатели и уживале во бројните заеднички обиколки на париските барови.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На овој, како и на бројни други примери, од процесуалното нижење на 92 изложени биографии во првиот долгометражен филм „The falls“, до документарните наоди за животните или за колективниот африкански обред во филмот „ZOO“, стварноста станува интензивен феномен внатре во вештачката претстава.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Меѓу бројните психоактивни супстанци кои ја менуваат состојбата на свеста, поради своите специфични фармаколошки својства и едноставност во примената, посебно интересирање предизвика наркотичкиот гас азотен оксидул.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе