брич м.
бричи несв.

брич (м.)

Нека ми е уѓе: на таква глава таков брич, што го вели тој збор татко, ем ак има што го вели, чунки сѐ што ме учеше и ми велеше, сѐ по глава ме удри.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тоа е ризик, но без ризик не можеш да седнеш да јадеш. Или ич или брич.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Светот е направен од челик, светот е брич, систем на жилети, без мене во него ќе се исечеш за три секунди.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А и бричот изабен, како брана по грутки ти скока по лицето. И купчиња брада ти остава нефатено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
БЕРБЕРОТ: Го вади од чантата својот брич. Го остри.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Бричот! Отфрли ја еднаш засекогаш неговата лабаво поддадена несигурна рака (па тој не умее ни брадата да ти ја среди).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Таа жена ќе биде составена од повеќе ерогени зони и со бричови под лакираните нокти.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Порано се бричеше на неколку дена, потпирајќи го огледалото на ѕидот од бараката во дворот за да му гледа подобро или одеше во берберницата за да ги почувствува барем еднаш неделно нежните прсти на фризерката која го бричеше жулкајќи го по лицето за да провери каде треба уште да помине со бричот или по бричењето да го намачка со мирис и помада.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Можеби зашто се „навлеков“ на нив, слушајќи го татко ми, кој беше мајстор да ги оживее писателите и нивните книги токму со надоврзани детали: ...какви корици има „Лав Толстој“ на Шкловски во издание на „Минерва“ (три книги во тврда кафеава подврска во картонска кутија со ликот на Толстој)... од кога Виктор Борисович почнал да се стриже „брич“, а од кога Мајаковски... како на очите на сестрата на Љиља Брик, Елза Триоле, Арагон им посветил цела книга... како на комунизмот му служеле Арагон, Бретон и Пикасо и како поради тоа се скарале...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А пред наседнатата толпа, со подрасчекорени нозе во брич пантолони стоеја тројца офицери во униформи од сив офицерски габардин, само со револвери на појасите, нешто на луѓето им велеа или ги прашуваа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од оние што поминуваа под неговиот брич некој се излајал дека си има нешто закопано за ако дојде ред да се враќа назад без и да помисли дека овој што го слуша тоа може да го стори уште веднаш!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Откако ќе проценеше дека бричот е доволно остар за брадата на дедо му, берберот го оставаше каишот и го фаќаше дедо му за вратот со левата рака, додека со десната започнуваше со бричењето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пред да почне да го бричи дедо му, Ружди берберот секогаш го точеше бричот од еден каиш на столот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Додека дедо му седеше насапунет на столчето и се подгледнуваше нагоре кон големата слика на Тито во маршалска униформа над потпукнатото огледало, со помалата слика на синот на Ружди во униформа на ЈНА во едно ќоше, бричот се точеше од каишот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Часословот е веќе сосем неупотреблив, мувлата ги зафатила и внатрешните листови; но затоа Светото Писание уште не си ја дослугало својата работа, иако се негде-годе дрпнати листови за бришење на бричот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И како што беше стегнат во брич, целиот труп му се издаваше понесразмерен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Токму кога привршуваше со бричење на последните преостанати влакненца, замавна незгодно со бричот и му го симна скалпот. Черепот на Х беше отворен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)