бригадир м.
бригадирка ж.

бригадир (м.)

Не верувам да ти се жедни бригадирите ... – го закачаше весело и потаму тој.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Место тоа сега се’, и работата на бригадирците, и каналот, и она блато што светкаше на сонцето како мало езеро сред непрегледната зеленина на полето му се виде неинтересно, бесмислено и глупаво.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Поручекта, кога бригадирците се растурија по бараките на починок, Мече неочекувано ја забележа меѓу црниците светлокосата глава на својот другар.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Ден, - рече бригадирот Језекил. - А ем е ден - ем не е ден. Сѐ ти е наопаку тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сега тоа старче си имаше и нова куќа, како и сите други бригадири, како сите братучеди и чичковци на Претседателот, а во секоја соба и тоа имаше по еден персиски килим, по еден од оние, што ги ткаеја девојките од нивното село во текстилната бригада на Задругата, никаде непрокнижен, напросто земен и однесен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На оној потоа бргу не му беше тешко да си најде нов бригадир на градежната бригада.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не остана човек што не помина кај мене... И бригадири, и инженери.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бригадирите викаат, а ние се грабаме за момирокот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ подучуваа искусни бригадири, контролори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Логичен резултат на тоа било запознавањето на јавноста со постоењето на британски офицери на Балканот и на крајот соопштението на министерот за надворешни работи, во декември 1943 година, дека бригадирот Маклин е шеф на една сојузничка мисија во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По неуспехот да воспостават контакт со четничкиот штаб во Поречито, а тоа до средината на 1943 година било во рамките на официјалната британските политика за помагање на четниците на Дража Михаиловиќ и игнорирање на единиците на НОВ и ПО на Македонија, од септември 1943 година настапила промена на таа политика, главно поради пристигнувањето во Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија на британскиот офицер, бригадирот Фицрој Меклин, личен пријател на британскиот премиер Винстон Черчил.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бригадирите брзо заминаа пеејќи нова песна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)