брбушка ж.

брбушка (ж.)

Сега тоа ја подигна опашката и од таму се стркалаа неколку ситни црни брбушки и паднаа на подот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му ја дувна некаде со парите и нас нѐ остави, ко брбушки на цедилка. Сами во планината. Усвет и Бугарија и бегање!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една голинка кај што и козја брбушка не стои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога дошол, што да види: мешината со маштеницата дупната, млекото што било во кацата за биење истурено поземи и сите каци наполнети со брбушки од овците.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Трненката е грмушка висока до човечки бој, а широка како копа ( спореди: мома како копа), плодот ѝ е ситен како брбушка, колку модар уште повеќе кисел, кој се задржува на гранките и до зиме смалувајќи се и збрчкувајќи се како природно исушена и конзервирана јагурида.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Раницата ја истресе од наталожената прав и по некоја брбушка од глушец, а цокулите ги премачка со чисто крпче на кое капна троа масолца од кандилцето на мајка му и ги исполни однатре со навлажнет стуткан весник за малку од малку да омекнат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)