братучеда ж.

братучеда (ж.)

Некои си мислеа дека се роднина по братучеда му на Крсте.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како нарачана оздола се зададе брачеда му Тода — Маловата помала невеста, на која Рожденката беше ѝ го открила пропаднатиот план и со која Неда многу добро се спријатели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко, од пред половина век, по враќањето од Цариград во Поградец, по конечната разделба со земјата на неговата мајка од турско потекло, (прва братучеда на Али Фети Окјар, роден во Прилеп, близок пријател на Мустафа Ќемал Ататурк, прв премиер на Република Турција), на кои можеше да се надоврзе целото семејство, по­веќе никогаш не можеше да се смири, означен од генот на заминувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А времето навистина беше веќе отворено и можеше да го листаш како оној албум со слики на братучедата Роза, и, разлистувајќи ги страниците, ако гледаш внимателно, ќе сретнеш секакви лица: и насмеани, и зачудени, и несеќидневни, и обични; само расплаканите не ги спомнувам бидејќи секој си ги брише очите пред да застане пред фотографскиот апарат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зборуваше само натрапникот, зборуваше сѐ едно исто, упорно обраќајќи ѝ се на старата со „братучедо”,додека на Ване не му светна дека овој мора да е младиот Курназ, ама не можеше тоа да го провери, зашто не му го знаеше ни името ни презимето, а со прекарот беше ептен некултурно да му се обрати.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откако си ја исрка теглата со слатко од бели цреши, зашеќерено или не тоа си знаеја тој и братучедата, младиот Курназ му се сврте на Ване: - А ти, Двојаков број два, од каде и каде?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка ми со години планираше да отиде и да ја види братучетка ѝ, но никако да се крене и да го помине долгиот пат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дури кога братучетка ми со едното ноџе само по чорапче скокна надвор и замавна со раката мачката троа се подисплаши и тромаво се симна по скалите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гица и двете братучеди, на Миќо го посматраа стоејќи понастрана призорот што се повторуваше, на мое ликување, уште неколкупати со истиот крај.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој читаше лежејќи на кревет во своето мало сопче, кога братучеда му ја доведе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но таа не влезе кај него зад братучеда му, како што очекуваше, таа влезе прва и му се исправи убава и насмеана, така што тој се најде смешен во својата првобитна намера, мал и збунет пред неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Моето делумно турско потекло, по бабата Хазбије анм, прва братучеда на Али Фетхи Окјар, некогашниот Ататурков премиер и амбасадор на Република Турција во Франција и Велика Британија, беа дополнителна причина за нашите блиски односи, како и почитта кон Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзината претседателка беше прва братучеда на претседателот на општината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се случи во неговото семејство, првата братучеда по мајчина линија Лејла, дамна замината во Цариград, да се вљуби во еден муслиманизиран Евреин (дмне), припадник на еврејските Сефарди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татковото останување во Цариград не се оствари според соништата на неговата мајка Хазбија, прва братучеда на Али Фети Беј Окјар, соученик на Мустафа Кемал Ататурк во турската Воена гимназија Идадије во Битола, негов пријател и еден од главните соучесници во создавањето на нова Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко во еден период се допишуваше со својата братучеда Лејла, но никогаш не ја виде, само се случи по многу, многу години нивните деца (Етем Устер и авторот на книгава) да се сретнат ненадејно во Париз и да го живеат сродството, да чувствуваат нешто силно заедничко, коешто можеби само судбината на егзилот може да го донесе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)