брадјоса св.

брадјоса (св.)

- Знам, - рече брадјосаниот човек, - дека сте од Брезница, туку чии сте.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ајде сега, не прави се, кажувај! – отсече брадјосаниот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ти пак лажеш, - ѝ се накара брадјосаниот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој беше екстравагантно облечен. Со некаков качкет, сиот брадосан, со една торба, веројатно со реквизити за цртање.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Онисифор Проказник од своето засолниште веќе можел да им ги види лицата: најстариот, мажиште со виснати жолти мустаќи и со тешки веѓи на арамиски или кираџиски чауш можел да му биде татко на најмладиот сѐ уште не во годините на Перуника, на другите, испиени и брадосани од планински живот, тешко можело да им се определат годините.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)