бонбониера ж.

бонбониера (ж.)

А сѐ почна од утрото. Додека на внатрешната страна од бонбониерата „Те љубам“ запишував нешто за меланхолијата, ми претече млекото, а кога го тргнував тенџерето, палецот ми се залепи за проклетата рингла.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А бонбониерава што ќе ти ја дадам е за тебе и твоите гости. – Објасни Дедо Мраз и на мечката и врачи голема, шарена бонбониера со голема слика на мече.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Можев, прекорно си рече, да понесам китка цвеќе или една бонбониера. Се чувствуваше посрамотен. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Неколку дебели жени со заруменети образи влетаа во салата за породување, носејќи букети цвеќе и бонбониери.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И, бидејќи ме чита дека мислам оти не е фер, тој се обидува да се оправда: „Дете, јас не им штетам, тревите секако ќе им помогнат, па ти не знаеш дека барем пола од нив се враќаат да ме почестат бонбониера и тоа од оние скапите, ’Гриоте’ и ’Бајадера’, полн ми е подрумот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)