бозел м.

бозел (м.)

"Знаеш ли колку е тесен и висок бунаров под бозделот? ", ме прашува тој и се насмевнува, ама знам оти сака да ме изненади.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Куќата се тресеше кога тој слегуваше од катот, ама тој ден никој не му го слушна чекорот, не дека од страв човекот газеше внимателно, туку само затоа зашто лелекот по убиената Пинговица го надвишуваше и бозелот во дворот а не само нашите исплашени очи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во селото Сушица, слегоа со некои луѓе кон манастирот свети Димитрија, крај кого шумолеше брза река, носејќи тревишта и искршени гранки од снеговите што ги беа повалиле таа зима дрвјата и грмушките од шип и бозел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Надвор шумеше реката, црцореа птиците, се валкаа драскотливо одвлечените гранки од бозелот, и звуците стануваа сѐ посилни, како да се наткреваше сводот небесен давајќи им простор и широчина, за да се чујат што посилно, како и болките на луѓето што се таеле, а наеднаш ќе се истушат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
1. Сеприсутно око (гноса) Додека ја трошев надежта - ја ронев како суво лепче по земји на пилците ја фрлав – лишена од коњи, пци и свињи9 без можност да заминам, Госпо Нуит10 под сводот твој распнат ко Животинско Царство око на Хадит надежта додека ја губев а сенката ми се ретчеше ко магла сè додека не стана Ништо чудно и иноземно блесна Волја без сврха, чиста пречиста страотно бела и остра ко молња во мрак со боја на зрел бозел со прелив морен и густ на Хеката, кралицата на Стигите и ноќите без месечина, створени за медитација во први мугри за Служба на Речта11 - тој сонлив отсјај на светот фрлен врз скерлетен скиптар ко еликсир - сега читам во темно во далечина гледам отаде предметите небаре нема ни време ни простор меѓу мене и Другото небаре сѐ е веќе запишано или навестено небаре она кое било или ќе биде секогаш Е секаде волја-заради-волја склад и волја моќ!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)