божјак м.

божјак (м.)

Ни земја ни божјак – само троа месечина горе И еден крст што да ги покрие сами - Амин.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Едни, по исплакувањето на Молитвена Вода, прочистени, успеваа да се вратат во крилото на семејството и во крилото на заедницата, (таквите беа оставени на мира, како ништо да не се случило со нив и во нивниот живот), други, кои и потоа, и по исплакувањето на Молитвена Вода, не успеваа да си го повратат мирот и спокојството, стануваа тихи и вовлечени во себе, чудаци, трети, длабоко неутешените, или стануваа божјаци, или одеа во манастир, или, непречени од никого, заминуваа некаде и не оставаа по себе никаква трага.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со срце ѝ платив Во себе не се вратив Небаре божјак беден До изворот Жеден.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Всушност, меѓу сите луѓе, како што знаеме, Исус им дава предимство, покрај децата, токму на божјаците, на нишчите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Меѓу многуте „претставници“ на божјаците од прозата на Ренџов, се паметат ликовите на Сане Сандин од Човекот што го немаше во законот, Ефрем Ефремов од Сенка, Невена, Ристосија и Кијмет од истоимените раскази, Мише Сечко, гулабарот од Светиот дух и др., но меѓу сите нив по својата уметничка впечатливост особено се истакнуваат Сане Сандин, Невена и Кијмет.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Божјаците на Ренџов се маргинални личности, и ним авторот токму преку маргиналноста им овозможува - согласно со учењето на Исус - да го досегнат небото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Имаше околу триесетина години овој кутар божјак, со грпка што му стрчеше под кошулата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ѕиркаше час јатагани, час копита, бечви, час пискуљи од коњска грива, час дизгини, превртени грпки од седла, чизми, пушки и кубури, камшици засукани околу нечиј врат како змии, а кога воздухот сосем се нагнети од потни тела на луѓе и коњи и стана густ за дишење, Петре си рече: и убог божјак да сум, ми нема спас.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)