божествен прид.

божествен (прид.)

Црквата кај нас си ја загубила својата главна цел, па затоа македонската интелигенција и народот имаат полно право да ги употребат сите свои сили за да ја лишат црквата во Македонија од чисто националните цели и да ѝ ги вратат оние цели што ѝ ги заповедал нејзе нејзиниот Божествен Основач: да го проповеда евангелието на сите јазици, т.е. на сите народи и нивните јазици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа го зеде со усмевка - божествена усмевка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Прости ми мамо, но ме успал божествениот мирис на цвеќињата, - прошепоти Каја.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Набожно се гледал себеси во светлост на идни божествени зори и ги пцуел четворицата шутови на своето подбивно кралство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Вкусот на темјанот може да биде исто толку брутален, како што може да биде божествен загризот на гнилата крушка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сѐ што е божествено човечко е, а сѐ што е човечко, па дури и логосот, му припаѓа на историјата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што друго да се очекува од суперсоничната постава на српските писатели, предводена од, божествениот новинар и писател; литературен деец и теоретичар; директор и уредник; сануовец и пеновец; добитник на Априлската награда на Сараево и Октомвриската награда на Белград, со еден збор, растерувач на мракот и пријател на мирот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За нив, налик на инонокластите од десетиот век кои на Исток станале познати по тоа што не верувале дека божествената Вистина може да се инкарнира во слика, ниту една изложба на Бојс повеќе не може вистински да задоволи, бидејќи уметникот не е присутен за да ја раководи инсталацијата на своите предмети. 82 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Претераната работа даваше божествена сила! Искричаво се грчеа секундите!
„Маргина бр. 36“ (1997)
Дај ми собитие што говори за лоши дела, и јас веднаш, под дланката ќе сетам темни букви, гласови темни, пискотници, студени слова од кои кожата се ежи; дај ми слово божествено и богоугодно, за големи подвизи што зборува, и јас веднаш под раката чувствувам гласови светли, букви топлокрвни, оган во писмото чувствувам, како кога љубениот на саканата писмо ѝ пишува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се обидувам да се загледам во природата во која борави некаков сеопшт и постојан разум, осенчен со божествена сила.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа беше многу сакана, но не колку што заслужуваше, кротка, сеприсутна, божествена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Стојна! Божествената лисица Стојна, батка. Мислиш на нејзиното писмо?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Треба да се напомене дека човек од почеток пружа страшен отпор кон скрнавењето на овој божанствен напиток, но со тек на време попушта, за да после само 6 месеца не може да си го замисли животот без дневната доза од оваа сплачина. – Кафе ќорак...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Неа им ја овозможија оние што во срцето, до границите на личната саможртва, ги негуваа и ги одбранија двата идеала, човекољубивоста и божествената праведност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За пример, колку на читателот кој не е толку упатен во правната историја и терминологија, да му биде посликовито како изгледаа овие спорови, овде ќе наведеме само еден класичен текст, чиј автор е надалеку познатиот римски правник Улпијан, кој и денес е еден од најценетите правни авторитети, сè уште цитиран, на пример, при граѓанските судењата пред британските судови: Кога писарот ја изнајмил својата работа, па неговиот работодавач потоа умрел – божествениот император Север одговара со рескрипт на барањето на писарот, со овие зборови: ‘Бидејќи наведуваш дека [ти] не си одговорен за необезбедувањето услови за твојата работа... правично е ветувањето [за платата] од договорот да биде исполнето – ако, во текот на годината за која станува збор, не си примал дневници од никој друг’ (D. 19,2,19,9). 11
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, ве уверувам дека се работи за навистина божествен потфат, чест е да се учествува во него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
-„Дали благородната убавина во својата, чиста најидеална форма е божествена клетва?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Совршена е мојата интимности ранливост, барам божествена инспирација за создавање силни емоции и бесмртност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК