богослужба ж.

богослужба (ж.)

Во словенските села во црквата словенска богослужба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Лајпциг се гордее со Томасовата црква. Таа не служи само за богослужба, туку и за концерти, зашто е извонредно акустична и располага со две оргули.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Почна повторен терор кој главно беше насочен против Македонците и нивните придобивки да имаат свои училишта, весници и своја богослужба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вечерта кога заврши, богослужбата, сите луѓе со запалени свеќи и кандила и масалчиња, тргнаа за дома носејќи го светлото од манастирот како благослов да им свети дома.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во црквата беа собрани сите од манастирот на богослужба.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не одеа често на задушници во гробиштата, не ги посетуваа умрените како порано (и тие како да им се одмилуваа, како да им тежеа во сето ова неспокојство и нерасположеност); и во црквата не одеа почесто, освен на големите богослужби.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога стигна ѕвоното, веќе можеше со ѕвонење да се огласи ако имаше богослужба и за смрт, помилуј господи, можеше да се бие траурно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога се протуркуваат низ жените, кога немо стојат скраја слушајќи ја богослужбата посветена на мајката над мајките, Перса, забележувајќи ја силната светлина во нејзините очи, ќе прошепоти Мислам дека е време да излеземе во дворот!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во Моравија презеле активности за организирање богослужба на словенски јазик, бидејќи дотогаш богослужбата се вршела на латински јазик.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Весникот „Елефтеротипија“, на 7 јули 1959 година вака напиша: „Во селото Каридја,16 во околијата Птолемаида, во дворот на основното училиште се собраа сите жители од селото и откако се одржа свечената богослужба, тие дадоа заклетва дека во иднина нема да зборуваат на словенски дијалект и тоа во секое место и во секое време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму по богослужбата седнуваа верниците и жените од накитените сапетки раздаваа за душа, за здравје и берикет; ја нема камбанаријата и камбаната виси на подгниена греда; на таванот го нема Пантократорот – Христос кој од горе со раширени раце бдееше и чуваше од лошо; го нема престолот и верниците ги нема...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И додека траеше и грмеше музиката, на бината се редеа владици и попови облечени како за голема богослужба, високи армиски и полициски офицери со сите одликувања обесени на градите, градоначалникот на Костур, селскиот даскал, кметот, новинари и други непознати лица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Беше Велигден. По Богослужбата, на средсело, на вигната, засвирија тапанџиите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ЦРКВИЧЕТО - едно за трите крајезерски села се исполни за вечерна богослужба.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Со свекорот и свекрвата од сведенска богослужба право дома - не бидувало без домаќин, половична да ги гледам ората...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
За добрите денови - за црковни празници, именденови, крштевки и селски панаѓури, за гости и за праќање аскер и во туѓина, од чисто брашно, само пченично, се месеа погачи, кравајче, пред Велигден - леб наутлија и за в црква - прескури и пупчиња - жените им ги раздаваа на децата по завршената богослужба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Целото доживување беше како на богослужба – или на некој егзотичен верски обред што ми е понепознат од христијанската литургија – каде што сите, освен јас, напамет ги знаат правилните одговори.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)