богородичен прид.

богородичен (прид.)

Помина летото и настанаа богородични пости.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ми даваат и чај од богородична трева што на суво се собира ко тупаница, а во вода се отвора ко прстите од раката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Невидливата рака од подадениот ракав држи сув цвет, здравец, симбол на животот или, сеедно, кандилце, богодорично срце, бела пупка на штркоцвеќе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се разбрале меѓу себе со таен јазик на срцето, немо, скоро со вештина на ѕверови и со трепет што минувал од еден на друг: да се истрае, да се стори она за кое сите како еден на поаѓање дале клетва пред Успението Богородично на живописецот Михаило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ние ги викаме „Богоројчино цвеќе“, - рече игуменот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Затоа тие заземаат толку истакнато место во литературата на христијанскиот период врзана за црквите, како во Богородичната црква во Париз на Виктор Иго.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мона Лиза, Турскиот марш, Онли ју, Хипотезата на релативитетот, Питагоровата теорема, Богородичната црква во Париз.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)