блиц м.

блиц (м.)

Требаше да се направи една „блиц“ посета - и еден „рапорт“ за сите оние морски одморалишта и летувалишта - хотели, кампови и диви плажи, кои што стотици илјади наши луѓе ги опседнуваат секое лето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дури и кога не ја спомнувавме, таа беше присутна со своето давеничко тело - толку дебелкасто во споредба со твоето - и нејзините тажни гради со збрчканите брадавици и скиселено млеко - толку отпуштени во споредба со твоите кои сѐ уште распупуваа - со нејзиниот надуен стомак и срамна грмушка безбојна во блесокот на електричната светлина, со нејзината замрсена, глибава коса и надуреното, спокојно лице - толку безживотно во споредба со твоето - и бледата кожа, бела како молња, како блиц, белина што не може да се постигне на дневна светлина - колку почнав да го мразам тоа бледило, толку студено покрај цветот на твојата кожа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа, некој громовлив, оловен глас, опомена: „Господине, ти ја давам блиц - сликава бидејќи си писател.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Животот во паника ќе кидне прудолу да провери дали сѐ уште е тоа што мисли дека е: заден миг на свесност кога сѐ се претвора во блиц сеќавање во јазик разбиен од из-без-ум-е-ност во сублимиран естезис оти нема време да се прераскажува на долго и на широко само извесна веројатност да се искаже без надеж дека ќе биде видено од некого  само извесна пасија по кажувањето  - низ реч, низ слика, низ музика, низ тело, низ плот...  само извесно насетување на вистината според логика која оди прекутрупа во погорниот, во вртложниот круг на небото кога тоа ќе се отвори во екс-та-за! 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Нетот стана прозорец на светот од него ни падна и наталитетот и сите шмизли го знаат редот па блицови фрштат во тоалетот Бог да го бие тој свет виртуелен живот компјутерски, извитоперен семејство збрано, ручек се тура трошки се ронат на тастатура Бутови, дојки, линкови од Цеца тетки у години бркаат деца врие манијаци, стари педофили женети дртала демнат по профили
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Светкаат блицеви и секој се гушка со секого.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)