близнак м.

близнак (м.)

И впрегнаа три чивта близнаци биволи црни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Беше близнак во близнак - горната усна му беше двојна. Како што му беа двојни, едни над други и веѓите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во оваа група попадна и Ангеле Трајков, внучето на дедо Богдан, кого што татко му Трајко и мајка му Велика си го исплакаа и се задоволија со неговото сестриче близначе Анѓа и постарото братче Јована.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го наследија близнаците Крловац од некој свој роднина добротвор и наследија една колиба со многу ненужни предмети: дрвена вила, дрвена лажица, дрвен чанак, дрвен триножец, земјана стомна, земјено грне, стар календар со избледена слика на некаква кралица и сѐ така нешто бесцелно и без функција во еден живот на кој му припаѓаа - колекција на разнобојни срчи од прозорците на некоја градска црква, урната во војната, китка суви непознати треви, куп черги, војнички шлем, карбитена ламба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Црвените чорапчиња на близнаците се темни како длабоките сенки на паркот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ноќ и ден и години долго млечни дождои ќе бидат И во сончеви порти кога ќе влезе Андромеда Урна и дрво како скаменети близнаци ќе види.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Кога навикнавме на таа едноличност, на тоа сивило, вторникот во бавчата се раздени добиче што тонеше в земи, слепи близначиња шетаа по дворовите и пееја, и така, Ноќта ми се пристори некоја небесна тишина во која не се слушаше ништо освен оној вечен звук на земјата дури се врти.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Уште поопасен изгледаше Богоја и затоа што тој секогаш, ама секогаш беше во друштво на двајцата свои помали браќа, близнаците Петара и Павлета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дека била станицата српска, и дека железничарите, Русите и Неделко Акиноски, на кого Србите во Првното србско, зашто не сакаа да служат војници кај нив, му убија двајца браќа, близнаците Ордана и Цветана, биле посрбени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тоа се случило вака: кога во 1914 година Србите заедно со другите и нив ги мобилизираа, ги отерале првин во Крагуевац, таму кај што ги стрелаа близнаците Акиноски, Цветан и Јордан, а потоа ги отерале во Војводина, на фронтот со Австријанците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зошто да кријам, Овидие, бев . . .преплашен. мојот совршен близнак ме чекаше во тесната просторија, во неумоливата соба на Времето, и јас ги чувствував магнетните пипци што ме влечеа во таинствената, заумна одаја.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Вешто и брзо го сторил тоа како човек помеѓу чии два чекора секогаш лежеле близнаците животот и смртта тетеравејќи се над темноврела лочка со крената глава, чиниш се потпира на шурката крв, животното се завртило во круг, еднаш двапати и трипати, и таквото движење можело да биде само мртовечки коњски танц, игра и занес на пијанство е умирање.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Беше близнак во близнак - горната усна му беше двојна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И се случило Панделиј Каламарис трипати да се споулави: еднаш кога останал сам и ранет во рамо меѓу своите мртви борци (и болен водел чета темни пушкари) со кои раснел и сонувал битки; потоа кога војводата Зигас, за да не се предаде жив, фрлил запален факел во бурињата со барут и, чиниш се здружиле стотици молњи и громови, летнал на парчиња кон сонцето покриено со чад; најпосле, кога десетина жени со дребни дечиња в раце се фрлиле за одбрана на честа во водопадите на Црна Река, меѓу нив и жената на Панделиј со близначињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа, се случило на втор ден Божик да бидат близнаци, црномуресто машко и девојченце со руси коси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господ да го покрил со повеќе влакна, и самиот ќе личеше на намразениот Онисифор Мечкојад, ќе беше негов близнак, негова лика во неподвижна лочка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пишуваше драма – еден дел од животот на Сандино – во која американскиот стипендист пука во Американците со пушка на прадедо му, прочуениот ловец на бизони, мајката го губи едното дете, близначе, а другото, престорено во бувче, ноќе ги колве очите на окупаторските војници, убавицата води љубов не само со целото село, туку и со сеништата, вампири, духови на претците – сѐ тоа набиено на шеесетина страници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Евреинот имал синови близнаци, слични еден на друг ко јајце на јајце.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Денес пак станува повеќе збор за чудовишните варијанти на идентитетот, оној на изофренот, без сенка, без трансцеденталност, без друго, без слика, идентитетот на автистот, кој како да си го раскинал двојникот и си го голтнал братот близнак (напротив, „близнакувањето“ е некој вид на автизам за двајца).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така таксономиите, водата, пејзажите, птиците во воздух или во готвачки лонец, близнаците, женското сојузништво, сите типови телесни реакции, внесувањето на храна и геометризирањето кадарот со архитектура, стомак или наместена маса - се чинови на една сепроникнувачка цивилизациска посвета.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе