блека несв.

блека (несв.)

Блека, дали блека, јагнето. Со нов свет се среќава, ја бара мајката. Пуста мајка, да не се најде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги легнуваат под колена, а тие блекаат и клоцаат, претаат во снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Велат дека сојките некогаш блекаат ко јагне, некогаш мекаат ко јаре, а некогаш свират исто ко со човечка уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар не гледаш дека цело време мука и блека, вели и ја стокмува устата да плукне, дупка да направи во снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)