бина ж.
бинарен прид.

бина (ж.)

Зарем да нема никој свој во салата, блиски очи што ќе те храбрат кога ќе се јавиш на бината, што ќе се израдуваат повеќе од очите на сите присутни кога ти ќе излезеш, кога ти ќе рецитираш...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Салата беше скоро полна. Ние наѕиравме од само малку подотворената врата од каде што требаше да настапуваме, да излегуваме на бината.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Има ли доброволци што сакаат да одат да растовараат? - праша Евдоксија, а потоа слезе од бината, отиде потаму во игралиштето и викна: - Доброволците да се постројат по двајца покрај мене!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На бината се вртат балерините: ги усогласуваат движењата, ја совладуваат рамнотежата. Водат Ирина и Клавдија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Е добро, слегов од бината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа примижува и се врти кон бината: — Татјана Сергеевна, вика, Татјана Сергеевна!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога девојчињата почнаа да скокаат по бината, и самиот во себе го почувствував истиот оној трепет со кој, во суровите времиња, слушав џез.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Чанга очекуваше мегдан, на бината на плоштадот, со претставниците на власта и на партијата од градот, како што беше и дента кога дојде во градот со козите и со козарите кога запреа во центарот на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Познати козари од планинските села, кои зад себе влечеа цели стада кози, со снажни прчови, се искачуваа на големата бина среде плоштадот, на која, по обичај, за време на големите паради, дефилеа и митинзи стоеја највисоките раководители на новата На­родна Република Македонија во новата социјалистичка Федеративна Народна Република Југославија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сега на бината козарите ја очекуваа првата средба со градските власти и партијата...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Келнерите на бината поставуваат огромна торта.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Важно е да се овозможи во просторот да се влезе ненаметливо и лесно, без чувство дека сте на бина или дека сте набљудувани, и без чувство дека се наметнувате на нечиј психички простор.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Процесии, состаноци, воени паради, изложби на восочни фигури, филмски претстави, телекрански програми - сето тоа требаше да се организира; требаше да се подигнат бини, да се направат модели, да се состават пароли, да се напишат песни, да се пуштат гласини, да се фалсификуваат фотографии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Говорот траеше веќе дваесетина минути, кога еден курир брзо се искачи на бината и му подаде парче хартија на говорникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уметниците имаа нацртано борчиња и други дрвја, на средината на бината имаше огниште со големи цепаници, во средината светилки обвиткани со црвена тенка хартија, стававме цигари да чадат, вистински логорски оган.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Со звукот на фанфарите на бината се искачи Дедо Мраз придружен од снегулки, Снежана и седумте џуџиња, Штрумпфови и Штрумпфети, и Мики, и Мини, и малата индијанка Покахонтас, и разни шумски животинки - вистински свет на бајките...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тато Петре ја крена Мими на раменици, како што тоа го сторија многумина татковци, убаво гледаше и се вклопуваше во секоја иницијатива што одекнуваше откај бината.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Од бина човек се стори свиткан прст.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Сус, море!“ го прекинаа од бината.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дванаесетмина од нив катаден изведуваа на импровизирана бина и тогаш дознавме дека тие, дванаесетмината, беа уфрлените агенти и шпиони на Тито.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе