билјард м.

билјард (м.)

Масата за билијар има шест страни и се врти. Чудно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во барот има телевизор со екран колку фудбалско игралиште, ирски песни на џубоксот, запалива атмосфера околу масата за билијар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можеби една партија билијар? Подобро прво да се средиш малку.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На Монмартр ќе научи да игра и билијард.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Минатата недела купив маса за билијард, ми рече, и јас и Стерл ја пренесовме на раце цели шест блока и тогаш со денови се обидувавме да ја составиме, но тоа никако не ни поаѓаше од рака. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 223
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Човечките битија не доаѓаат во врска едни со други само површно, како две билјардни топчиња, туку преку поврзувања што се создаваат кога двајца луѓе ќе се сретнат во световите на доживувањата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во собата за билијард запаливме голем оган. Спиеме таму, ако воопшто спиеме.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Може да биде шаховска па дури и билјард маса. Но сега е најобична зелена пинг-понг маса.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)