бесчувствен прид.

бесчувствен (прид.)

Лукаво се провираше низ нозете на мостовите и режеше како гладен пес, безчувствена за светлите бакнежи на сијалиците.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„А ти сѐ така моќен и бесчувствен ги распаруваш облаците!“ му се обрна во мислите Бојан на моќниот карпест врв.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој не страдаше. Во него имаше бесчуственост што му ја анестезираше болката што беше во него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Моите чувства останаа замрзнати, моите сетила се бесчувствени, моите погледи се изгубени, зошто моето срце сѐ уште е крај тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)