бестелесен прид.

бестелесен (прид.)

Се чувствува мек, бестелесен и тече в неврат, и не знае дали зад него не останува зелена опашка на ѕвездена луталица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Помолча отец Иларион, отпива од виното и продолжи: - Свети Јован Златоуст вели дека душата човечка е дух умен, беспримерна и неописива убавина, самовласна, света, суштина сродна со небеските и бестелесните битија, вечна, бесмртна; слична на бога, зашто го носи ликот на својот Творец. А животните таква душа немаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но колку и успешно западните визии за унитарен постмодерен глобален свет - управуван од „дигитализираниот свет на компјутерот“, „хипер-реалноста на симулакрумот“, „суперобјективизацијата на субјектот“ и „телеприсутноста на еден свет без просторна длабочина“ -да можат да го доловат искуството на бестелесната сегашност, тие не можат да се применат на нашето искуство и на нашиот развој.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Светлина таква никогаш немам видено, дури ни кога сум го призивал Бога, во часови бестелесни, бесчулни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше во таа насмевка потсмев; јас тоа добро го знаев, оти во една прилика му се исповедав на отец Пелазгиј дека сум слушнал небесна музика во храмот, додека сум го призивал Бога, во часови бестелесни и бесчулни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Колку си ја сакала самотијата сестра Ангелина, колку си ја почитувала немоста и безответноста, мирисот и тишината во храмот, црната одежда и својата ангелска бестелесност (самата така се чувствувала), толку не ги сакала натрапниците, накинџурените, раскокотени и разголени визитарки и визитари кои, најчесто, не доаѓале на духовно поклонение во манастирската светост, туку да им помине времето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Лежеше над постелата спокојна, речиси бестелесна, чита, воздушеста, лесна, свената, во воздухот поткрената.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Беше бестелесна, а сепак сиот мој копнеж се впиваше во неа, затоа што знаев дека, некаде на светов, таа има и свој телесен облик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога го минувавме прагот од домот во кој пред осумнаесет години го донеле оние кои го посвоиле, а бевме тргнале кон домот во кој од него се одвоила неговата мајка, Рајнер застана, ја зеде мојата рака во својата, во онаа во која го држеше парчето хартија на кое беше запишана адресата кон која требаше да одиме, и рече: „Од времето кога заврши моето детство, па до доаѓањето овде, понекогаш кога ќе ги затворев очите, здогледував бестелесно женско суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму го чекаше бестелесноста со која требаше да се соедини, за да ѝ пркоси на гравитацијата, за која знаеше дека ако еднаш ѝ се спротивстави, потоа секогаш ќе може да лебди во идеално бестежинска состојба.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Занесена во тие телесни и бестелесни фантазии ја штрекна едно тивко чукање на вратата. Не очекуваше никого.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бестелесна состојба на безвоздушна маса која самата себе си се стега. Во грч и страв.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Пердувесто почна да лебди во својата бестелесност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Попатно застануваа да закрепнат од сркот боженствена амброзија, бестелесно продолжувајќи го летот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)