беспомошно прил.
беспомошен прид.

беспомошно (прил.)

Една мала, топчеста бригадирка, преврзана со бела шамија, кога усети дека ја блисна студена вода и и’ се разлеа по градите, цикна преплашено и го испушти чанчето на земја; Мече се засркна од смеа, а после нацрпи во црпалото пак вода и уште неколку пати ја плисна бригадирката, која што беспомошно се обидуваше да се одбрани со раце: – На, сакаш уште!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Утредента селаните го најдоа мртвото тело на арамијата, а неговиот бес што умира беспомошно го видоа во јатаганот: во претсмртниот час успеал да го закопа дополу во меката земја на ливадата на Бошка Манев.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ако беспомошно ги раширеше рацете, тие ќе го натовареа ранетиот на грб и ќе си отидеа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На широката минсофа, послана со меки шилтиња и со долги извезени перници потпрени до ѕидот под прозорците од големата одаја што гледаше накај езерото, седеше Аспасија, мајка ѝ на Викторија, и тапо, беспомошно гледаше во стројничката излегната на перниците, како во своја куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Мило, малечко, не се плаши! Не трепери... Јас ќе ти бидам мама...“ - шепотеше, откога се пооддалечи и беше сигурна дека никој нема да ја чуе, дека никој нема да ѝ се подбива, а врапчето лежеше беспомошно брз нејзината дланка и само трепкаше со оченцата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Дури сега мршарот се одзва со она свое тивко, цвичливо скимтење, беспомошно и исто онака, божем сакаше да му рече дека тој не е во состојба да му донесе ниеден од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одвај малку покриено со пердувчиња, тоа сето трепереше и беспомошно зинуваше цивкајќи премалено.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Сите беспомошно се вртевме околу неа потргнувајќи се од гредите што крцкаа и гламносано летаа заедно со штиците од покривот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Беспомошно се погледнаа. Изразот на нивните лица полека почна да преминува во плачливост.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Проклет да бидам, беспомошно изгледаше сѐ, секаков збор, секаква утеха.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Само нѐ гледа онака, беспомошно, како прв пат да нѐ видел, што се вели, како да не нѐ познава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во кркорењето се засркнал со кучешка кашлица и станал беспомошно загледан во трепетливото небо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стврднатите нозе беспомошно барале потпир, почва по која ќе ѝ се избега на болката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас од очај што не сфаќам што сака претседателот, беспомошно погледнувам кон Сатирот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И ние децата, без нашите кози, без смислата на нашите игри, беспомошно го следевме татковото чекорење крај нас. Тој како да не нè гледаше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А Тате стоеше беспомошно, се обѕираше долж собата како да бара одговор, но никогаш не го наоѓаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Набрзо можеше да се види како мозокот тивко, беспомошно болува зад очите, а тогаш мозокот најверојатно и изумре, бидејќи очите речиси му испаднаа од главата и во нив го немаше повеќе оној препознатлив израз, туку израз како кај очите на краба на едниот крај од нејзиниот сплескан труп“. 22 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Понекогаш, изморен од јулската горештина, ја губев од пред очи и беспомошно стоев, без да знам на која страна да појдам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можев да ги движам само прстите и беспомошно да трепкам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Повеќе