бескрвен прид.

бескрвен (прид.)

Застана над железниот кревет и се загледа во бескрвното лице на ранетиот. „Боли?“ праша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И рече: Оче Симеоне, од кај ќе почнеме сега, вака без место на жолтиот Нојов кораб со пијано кормило? * Почна како што заврши еднаш, одамна, пред аџилакот во смоларата - згрчен и в крчма, помеѓу дождалците неподвижни и невесели зарад неговата бескрвност и крв во очите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа не трепнува. Здржано, одмерено ја крева чашата. Бескрвно. Студено...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чуварот ги замрешкари клепките, и малку збунето и малку стаписано, растегна насмев на бескрвните усни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А сиот свет, што уште можеше да биде негов, беше еден блед, бескрвен свет на победен, еден непознат свет, на кого мораше допрва да свикнува и да се помирува со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со сета предност и сиот баласт на своите млади и непрегорени години, Живко Чинго се вредува во нашата книжевност како еден од ретките (и: дали - последните?) писатели идеалисти, ако тој збор пред сѐ, го сфатиме како антитеза на инертната, бескрвна, апатична незаинтересирана и апстрактна симболика на рамнодушните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Пишувам, пишувам, но „тигарот“ е вистински тигар од хартија, бескрвен и невозбудувачки, воопшто не личи на опасниот, неодолив деспот на џунглата крај моите нозе... ...всушност, вечерва не требаше воопшто да излегувам.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тогаш се погледнуваме, Мари- Клод ја подигна главата за да ме погледне во очи; грчевито држејќи се за шипката од седиштето чувствувам дека јас и сум всушност она што таа го гледа, нешто толку бледо како и она што јас го гледам, бескрвното лице на Мари-Клод која ја стиска црвената чанта, која ќе го направи првото движење за станување додека возот веќе влегува во станицата Доменил.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)