берза ж.
берзански прид.

берза (ж.)

Вчера? Да, вчера, кога ти раснеа акциите на црна берза, ферштензи?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Некои луѓе во градот тргуваат. Црната берза работи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
НАЈЗНАЧАЈНИОТ синоним на Франкфурт е Берзата. Овој град на Мајна не е како другите германски градови преполн со фабрики и индустрии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ е организирано така, да се држат најточни, најбрзи врски со берзата и со оние, што се заинтересирани за текот на купопродажбата на акциите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Берзата е како обичен пазар - се нуди и се купува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од брашното што го добивавме со социјалистичките купони, но и од црната берза, Мајка, според рецептите од гастрономскиот дел на Ла Ринашенте, ја дополнуваше својата балканска симфонија во развлекувањето на тестото, во дотогаш за нас невидени форми на макарони, лазањи, равиоли, дополнувајќи ги со сокот од доматите кои ги одгледуваше во градината во која садеше босилек, но и каранфили и трендафили.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кон веселата бука се придружува стариот Иранец од карши, чијашто омилена забава е деноноќно бирање броеви на домашниот телефонски апарат и последователно урлање на мајчин фарси- јазик (по долги испитувања заклучивме дека најверојатно продава плексиглас на берзата во Техеран, со посредство на некој тотално глув брокер).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И бизнисот ако не оди, и плановите ако не се оствариле, и профитот ако испарил, и жена му ако го оставила, и син му ако се дрогира, и берзата ако паднала, и војнава во Ирак ако не ја бива - за сѐ си е виновен само тој.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Берзата не функционира сѐ уште во Македонија!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Градот плаче, градот е мачен во градот е тежок и животот брачен градот знае да биде брутален во градот е борба за стан социјален Бизнис менаџерчиња, јапи со куферчиња со кафено на гаќи, јаки профитерчиња за пуста пара и дубара прават да можат и жените на берза ќе ги стават
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)