белезица ж.

белезица (ж.)

На тој личен континент, во белезици невидени маглени спрегови, затворен и сепак достатно облеван со југовна топлина, човекот е со онаков облик како што најмногу сакал да го има се бранува низ движења над бели коленици, над сунѓерести габи и над притаени крвариги.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги чекаше аџи Герасим службениците и чаушите, ама накитот од вратот и прстите на жената сѐ повеќе се намалуваше, и кога ибн Бајко се наведна врз дупката да види што се случило таму, пред очи му излета една белегзица право во рацете на воскарот, летна како оцет да испарува и ја снема.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во гробот имало костур на некаква средовечна жена, колку без меса, уште помалку без душа, ама сета накитена со гердани, прстења и скапи белезици.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И сѐ живее толку долго Само реката знае, само реката знае. А кога ќе посакаш да си заминеш кон полето ќе носиш на глуждовите белезици од пена.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Белезиците се празници! Светкаат на подлактиците Ослободени алки од душата на громот во ноќта на секавиците“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кога умираш сета од јасност остануваш белезица на душата на ноќта кога умираш О ако умираш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Од друга страна тој лично, а веројатно и многумина од жителите на Горно Морино можат да посведочат дека белезицата му припаѓа на семејството Чардаклиеви; дека на Маре ѝ ја предала нејзината мајка уште кога била жива.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Или пак тој понеделник му го одземаат за да го обезличат значењето на белезицата а со тоа и нејзиното постоење?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но покрај исчезнатиот понеделник, кој толку јасно укажуваше на злата намера на другарот Јаким поттикната веројатно од неговата секретарката Ботка, постоеше уште и оној блескотен камен на белезицата што се наоѓаше на раката на таа иста Ботка а тој, за среќа (или за несреќа) ја беше забележал.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)