бездомен прид.

бездомен (прид.)

Се одлачуваа од ноќта сосема тешко, црни и бездомни како неа, искрснуваа заглувнати, чиниш некакви притулени далечни искрења во таа темница, за потоа да почнат да се приближуваат, сосема бавно, токму онака како што беше потребно, за да се заборави на сѐ друго, освен на тоа нивно наидување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Двете чорлави, бездомни деца се населија во него и првата преспиена ноќ во вагонот беше една од најмирните, најспокојни и најрадосни ноќи во нивниот скитнички живот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ние бевме една тажна толпа гладни и нечисти деца, бездомни.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Ме потсетува на еден поодамнешен руски воспитувач и писател кој ја има напишано книгата „Педагошка поема“ за начиниот на однесување со бездомните деца во поправните домови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Што се однесува до сестра му, таа можеби била сместена, како и самиот Винстон, во некоја од колониите за бездомни деца ( ги викаа Поправни центри ), кои се беа намножиле како резултат на граѓанската војна; или можеби била испратена во логорот за принудна работа заедно со мајка му, или пак на некое место за да умре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
119 Иако трговскиот центар сака да се легитимира себеси како вистински центар на заедницата, заедницата што тој ја создава е исклучива по социо-економска линија: несаканите урбана групи како што се бездомните лица и сиромашните немаат право на влез.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)