безбедност ж.

безбедност (ж.)

За доброто на вашето село, како и заради безбедноста на власта што ве штити, секој чесен човек е должен сѐ да стори за да се фати овој злосторник и одметник.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Возрасните не го сакаа. Се плашеа од него, па кога ненадејно ќе се појавеше на плажата, одеднаш ќе се создадеше необична забрзаност: почнуваше панично викање, мајките ги довикуваа своите деца и ги засолнуваа подалеку од брегот, во безбедност.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Поради тоа сообраќајните органи ги заоструваат мерките за безбедност на патиштата по кои, од ден на ден, се движат сѐ повеќе и повеќе автомобили.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сепак има една надеж: се слуша дека Дедо Мраз ќе им донесе на софијанци поголема безбедност во движењето по улиците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Набрзо во 1834 година, кога се распадна военоспахискиот поредок во империјата, и по 1839-та кога со Џалханскиот Хатишериф беше гарантирана личната безбедност, имотот и вероисповедта, а со тоа создадени и можности за преселување на луѓето од едно место во друго, од селата во градовите и од помалите градови во поголемите, во Потковицата се случија некои промени кои, подоцна, имаа големо влијание врз севкупниот живот во неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Ве молиме, ние сме жени, велиме, божем не знаеме дека се од безбедноста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Јас, вистина, сум секретар на КОЕМ, вели, но не знаев дека требало да бидам и секретар на државната безбедност...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Утрото ме водат кај началникот на логорот, Контрашенко, и началникот на безбедност, Рјазин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оти ноќе, старите полицајци (така ги викам) иако дедо ми се лути и вели дека е поправнилно да ги нарекувам Удбаши, според името УДБА што е кратенка за некогашната Управа на државна безбедност каде што работеле по војната), раскажува необични случки, потсетувајќи се на своите млади години, разгледуваат стари фотографии на кои дедо ми беше облечен во кожен мантил, имаше многу густи и црни мустаќи и изгледаше необично строго.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Професионална гордост. „Ниедна влада нема да дозволи нивните цајканчиња да имаат СИПИ, дури ни тие од државната безбедност.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таквите веднаш ги ставав на мојот список како потенцијална опасност за мојата безбедност. (Ова ви го кажувам зашто еднаш ми се случи токму таму, на последната постојка да ме потапка некој по рамо, се разбира да ме изненади и сосема да ме распамети.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Осаменоста и безбедноста беа физички чувства, помешани на некој начин со уморот на неговото тело, со мекоста на фотелјата, со допирот на благото ветре од прозорецот кое си играше врз неговиот образ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Хелвиг потрча во канцеларијата на шефот на безбедноста на аеродромот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но постоеја, исто така, моменти кога имаа илузија не само на безбедност, туку и на постојаност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали е анонимноста, безбедноста, сигурноста од неказнување и непрепознавање таа што го овозможува оргазмичкото искуство кај толпата која се поистоветува со маскираниот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јагулче, потем одважно се упати кон телефонот на вртење што го носеше првиот човек од безбедноста, за да го соопшти во градот одложувањето на седницата до утрешниот ден.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дали таа се проектира во него, и дали нејзиното задоволство доаѓа од тоа што знае дека, иако се прави нешто општествено недозволено, сепак, безбедноста ѝ е загарантирана, преку тој еден?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Колку наивни му се чинеа неговите сопствени зборови од пред неколку години, кога во Вашингтон зборуваше дека ја обезбедиле комплетната стабилност и безбедност на Македонија, дека го намалиле стравот на граѓаните од каква било помисла дека политичарите со своите постапки можат да го нарушат внатрешниот мир во земјата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Беше предвидено, поради безбедноста, никој да не нѐ испраќа, а и малкумина знаеја за нашето заминување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Истиот ден од пристигнувањето на Хрисостом, во зградата на митрополијата владиката го посетија мајорот Лит, шефот на безбедноста Беренц, префектот Кесар Марѕокис што ја претставуваше цивилната власт на островот, градоначалникот на Закинтос Лука Карер и други видни граѓани на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе