бегло прил.

бегло (прил.)

Сето тоа, заедно со една замислена група луѓе и коњи, што поминуваат во некоја летна сончеста квечерина по овој пат, беше само едно бегло враќање од неговата заталканост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кога се бакнавме, по филмот „Дејвид и Лиза“ во кинотеката дури во Рајнбек и во ноќ толку студена што ниедна бактерија или вирус не би можеле да преживеат, тоа не беше ништо повеќе од бегло допирање на усните.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе се сретнам со Агна, ќе ме прашува за доаѓањето, но ќе ѝ кажам само бегло, без поединости, сѐ дури не се завршат работите до крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Невропсихијатарот бегло погледна во картонот, без да прочита, и рутински продолжи со својот дијагностички распит: – Кој ден сме денес?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, јас сум толку презафатена со активности од секаков вид што весниците само бегло ги прелистувам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)