бегалка ж.

бегалка (ж.)

А та нему: „Слушај, Божин, ако не ме земеш, сама ште ти дојдам, Божин, бегалка ште станам, татка, мајка ште оставам, љуба да ти бидам.“
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Како тоа, помниш ли, има повеќе од една година, јас се готвам да се женам, а ти ми ја стори бегалка свршеницата?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Една волча тројка: еден волк, неговиот помлад соперник, наследник, и неговата мајка, жена, или бегалка од некоја друга глутница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Има повеќе од една година, јас се готвам да се женам, а ти ми ја стори бегалка свршеницата?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се смешка несигурно, со напрегнати нерви на бегалка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Онаа, жената бегалка во чамецот исто така го покри малото момченце со своите раце, иако со нив не можеше да го заштити повеќе отколку со лист хартија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Соколе, земи ме бегалка - како да му вели таа - сега веднаш, зашто утре ќе биде доцна”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ој ти Хатиџе анумо без фереџе за тебе ќе потрошам едно цело чекмеџе бегалка те грабам кај мене во Цирих ќе водиме љубов на кинески тепих
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И кога тој, за кого беше побегнала бегалка, ќе ја погледнеше попреку, таа му се вртеше и, со рацете на колковите, му се правдаше: „Е, не фаќа клетва од мајка, де!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)