бај (м.)

Вошката предизвика страшна болка и срам во мене, особено што уште од почетокот на моето вселување во бараката, таа се шетала по мојата снага и ми ја цицала и онака скромната крв, неа не ја поврзав со бараката, со сламарникот на бај Шишко, туку веднаш знаев дека е закандисана од косиштата што ги слупуше Нанчо а после јас спиев на тоа место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сега Бај Шишко и јас му ја водевме мислата на братучедот, а тој ги превртуваше своите преживелици од партизанството за кои јас имам правено прилично записи и во Дневникот, а и како посебни целини.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Според записите во мојот Дневник татко ми и Нанчо тропнале на вратата од бараката на бај Шишко после единаесет саатот на 28.10.1951 година, само штом сум заспал по релаксирањето во кино.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)