башка (прил.)

АНЃЕЛЕ: Далеку е, стрико, многу. Во Солун ќе се качиме и три недели само по вода, а друго башка.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Затоа кадијата реши само двајца да погуби, башка од оние таму што загинаа во борбата со аскерот и самите што се избесија на брестот во тврдината.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Башка што тие двајца многу често не сакаа ни да слушаат, не сакаа ни да знаат за ништо вон од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колку народ погина тогаш, не се добројува. Ранети - башка. Полковници, капетани, поручници, потпоручници, наредници, поднаредници, каплари, војници, што да ти кажувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Башка повеќе жежи затоа што „културата“ (во чие опкружување се обидува да дише на шкрги и да биде одвај видливо, ко Челичната Шепа, ова ситно, наказно телце по име Маргина/ Темплум, некакво си хибридче од пар култури, и затоа опасно) речиси дека е на ниво на племенска култура, без критериуми, релации, фидбек, самопрогласена, самобендисана, без најобична рецепција (а камоли „критична“!), култура во која бавењето со книги или е работа на примитивни социјалистички профитери- гребатори или најцрн идеализам кој за кратко време ишмукува толку што човек се претвора во школка, во ехо на згазен молител.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мораш да рескираш за да добиеш. Башка, бегам од војска. Ти зошто тргна?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Го немаш тоа право. Башка си дрзок, башка си конфузен. И? Анихилираш
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нема да имаат време да бидат креативни, нешто да создадат. Башка, прскаат и од страна...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Не знам што друго да ти кажам. Башка што одиме во Маврово.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа со наведната глава, башка и гологлав, влезе во службената кола, без збор на приговор или отпор, па се упатија никаде другде туку пак во Клиничкиот центар, само сега погоре, во Судска медицина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Колчето го пресекоа на три дела, а секој дел уште на три помалечки делчиња и тие девет коматчиња ноќта се ставија под Љупчо за да мочал на нив, а другиот ден ги однесоа кај Тина за да ги потнела, ама Љупчо не престана да плаче, башка што си дадоа сто динари.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ама најмалава сега ги истече очите што ќе треба во оваа пустелија да чека на некој јабанџија, и башка, откога ќе се изредат другите сестри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со два влеза: башка за мажи откај запад, и башка за жени откај север; со десетина куполи; со околу петнаесет одделенија каде што имаше предвидено и делови за перење; со шадрвани, чепури топла и студена вода, и со други убавини и удобности.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А песот Гаро, кој пиле не пушташе да прелета, башка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Овој чичко се одликува со памет, ерудиција, башка државничка мудрост...
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А башка во Краш Експрес одвреме-навреме даваа некои пластични калапи за црткање- детенце, девојче, малечко сонце...
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
На ова му претходи грижлива класификација: башка хартија, башка пластика и стакло, башка органско, башка останато...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Некои, како што рече, нему многу драги луѓе се жалеле на условите за дневен престој. Башка, персоналот бил нељубезен.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Секоја куќа имаше по дваесетина кози, башка волови, крави, маски, магариња, коњи и секаква друга живина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се разбира, и денеска е понеделник на морскиот брег пред куќата на Маркес во Картагена де Индиас, и денеска две петлиња се перчат и му плачат мајче на Хозе Буендија башка и се занесуваат дека петлињата што ќе се најдат на морскиот брег кога тогаш ќе станат галеби, гиздави и отмени, кои во даден момент нема да ја пропуштат приликата да му се посерат на немиената глава на Хозе Буендија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Повеќе