бара (ж.)

Капките се лееја една во друга и образуваа матна баричка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се извиваат голи ветрови фатени во мрежата на улицата и немаат залет па притиснати од тешките облаци ја стружат влажната калдрма, претпазливо лизгајќи се низ млаките барички.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Под чевлите на обајцата умираа илјада штурчиња, илјада невидливи барички.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Газеше по нараснатата бара и во клобуците во кои умираа капките на дождот пушташе кораби од хартија; а неговата чета, глутница, дечишта, одеше по него и го обожуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Живееше во грда, сива двокатница на крај град како жител број 8, во некаков Нојов ковчег пред кој беше голем куп на различни отпадоци (горди Хималаи) и зелена густа бара (Венеција, чао) *
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Надвор во густата безживотна бара лежеше ничкосан на една страна коњот и самиот безживотен: здрвени нозе, забуцана муцка в кал, а на црвеното чело чавка со кокетно накривена глава се бара во огледалото на лилавата зеница.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Под небото сино комарци му ловела неговата нација, во барата имало вино за сето царство Бунефација.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Збор ти давам. Земјината топка прска од силен и тежок удар на зелена барска трска... Чудни чуда, чудни чуда!
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
21. МОРЕТО ГО ПРЕПЛИВА, НО ТОНЕ ВО БАРА - тоа непливачот за пливач го вели зашто по рацете вакцини му се жарат со болест да му ги лечат болните цели...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
23. КОЛКУ ЗБОРОВИ КАЖЕ, ТОЛКУ И ЛАГИ ВРЗАЛ - си ја фрла мрежата за лов во матна бара и низ високиот шевар сѐ понатаму брза за што поголема лага, за што поголема пара...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
КИРО: Кои сме ние? Кој ги прашува жабите кога ги покриваат барите?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Светот бил поделен на обрачи - бара во која од фрлен камен се шират кругови и пак се собираат кон својата средина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од Кукулино пошле по Бели Поклади, веднаш по третиот ден на Рамазан Бајрам, кога по задоцнетиот снег на земјата се собирале мрежести барички.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лицето му беше зелено и влажно како нешто што живее по густите бари или по поилата на селските чешми.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дупките, барите, бездните...ги прескокнуваше во црната, припиена роба, нималку стеснета, без страв од епидемија, пад, студена војна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Жената, за да ги избегнат барите, го поведува девојченцето по мократа асфалтна патека, испруженото тело на водената змија. – Ќе задоцниме – ја забрзува внучката, и себе си.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сега ми се чини дека не ја пишував јас туку некоја возрасна Alice на која зборовите ѝ се расеале, која не знаела која е: ту ѝ се чинело дека е поголема од куќа, ту дека би можела да се удави во баричка од солзи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
10. За да ја прегазиш баричката ти го послав палтото врз жив песок.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Два сладоледа на стапчиња се зашлапаа во една вчерашна засенчена баричка.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Баричките од двете страни на улицата. Отежнетата, изводенета топка и прикриеното негодување на децата кои ни помагаат да не го заборавиме бесмртниот фудбал на мали голчиња.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Повеќе