бабри несв.

бабри (несв.)

Кон мене лазеа нивните искинати шепоти и сплетки во чија горчина се насладуваа, му се враќаа на животот со врела крв, бабреа од внатрешна сила.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Арматурата во нозете попушташе, клепките бабреа и ја разредуваа светлоста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Очите можеа да му прснат, бабреа и побелуваа, усните болно се збираа, чиниш ќе свирнат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги празнеа џебовите пред куциот човек. Очите им бабреа од тага.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Маѓосан од непревиденото откритие, со сува уста и суво срце, додека мажлецот во моето грло бабреше и ми го запираше здивот (сеедно, сега живеев само со очите), помамно го отсликував во секое свое делче ликот на жената или толкупати ја намножував колку што може да има клетки еден обичен човечки мозок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Неколцина слушнале рапав шум и со грч во душите погледнале во видовитиот: чудовиштето можело да биде такво какво што тој им го опишал, покриено со крлушки и змучки од кои се цедат студени капки, расне, бабри во широчина, од крај свет виси над нив и им станува проклетство што не ќе се заборави ни под надгробна плоча.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека сите други молкум стоеле, Онисифор Мечкојад, следејќи го другиот Онисифор, и самиот се подал малку напред, мислиш ја имал вилата во свои раце или, најпосле, мислиш го поттикнувал својот роднина да издржи до крај и пак утре да фрла семе за нови и идни преданија што ќе се шират и ќе бабрат од квасот на стравот, тоа глекаво и лепливо тесто да ја покрие срамната прикаска за неговиот дедо или за дедото на некој негов дедо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Окопнеа снеговите, земјата почна да превира од бабрењето на семињата под неа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Потоа добиваш Белова парализа, менингитис, мозокот ти бабри како кисело тесто.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во ова време расте немирот и растат очекувањата и нестрпливоста тие да се остварат заедно со бабрењето на земјата и со отворањето на пупките. Ѝ пишував за ова на Агна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)