афективен прид.

афективен (прид.)

Афективните и евокативните квалитети на изразот се активни и во јазикот на книжевното дело исто онолку колку и во живиот говор.“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мнозина теоретичари се сложиле дека во овие дихотомии постепено е воведуван поимот уживање којшто постепено ги расточувал, кој беше слепа дамка на поранешните сериозни анализи и кој ги воведе прашањата на желба, нагон, фантазија, афективно вложување на набљудувачот итн., и го менуваше тежиштето на критичката анализа од продукцијата кон консумацијата (како поим што го заменува дотогашниот повеќе неутрален: рецепција).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Типичен заклучок за твојот афективен карактер...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како најдобро решение се покажа убиството со умисла, наспроти афективното, заради физичката надмоќ на метата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Што е тоа што таквиот пристап може да ни го каже за сентименталните, за афективните или за естетските димензии на геј- идентитетот, вклучително и за геј- сексуалноста, а што не може да ни го каже некоја исклучива загледаност во геј- сексуалноста?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)