атлет м.
атлетичар м.

атлет (м.)

Публиката заспива, му рекол атлетот, тој полудел и му се подал на својот познајник лав.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Виде ли? Не лажев, повторува атлетот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сѐ додека двајца брадести атлети не го однесоа во стара кола.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Некаде во темнините, ја насети атлетската силуета со биковска глава.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Затоа што тие се наменети само за оние на коишто спортот им е во крвта, само на вистинските атлети што своите патики ги натопуваат со пот!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа имаше изглед на самоуверена девојка од околу 27 години, со густа темна коса, со дамкосано лице и со брзи атлетски движења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ина имаше сосема класична несреќна судбина до доаѓањето во циркусот: татко алкохоличар кој умрел рано; останале со мајка им, таа и Светлана; двете се истакнувале во партерна и атлетска гимнастика во училиштето, и по наговор на наставникот, почнале интензивно да тренираат со некој познат руски стручњак кој пребегал во Украина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)