арсенал м.

арсенал (м.)

Ни ги откриле арсеналите и ги пустат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите овие слики можат да изгледаат убедливо вистинити, со жив впечаток за бројни замрсени детали, кои далеку го надминуваат сето она што поединецот го дозволува како постоечко во неговиот арсенал на свесно знаење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Денешниот комунизам е “интернационален” само во таа смисла што своите пароли ги собира од московските арсенали.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мораше да се снајдеш, макар и со застарен зборовен арсенал, па да срочиш некое оправдание: „Трпезна табакера“.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така аскетскиот арсенал на тие парадокси, забележан во старите елејски учења и одредени во схоластичките примери за Ахил и желката и Лакот и стрелата, денес можеме да го збогатиме и со новиот технолошки пример...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Париз беше претворен во некаков арсенал на историјата, во музеј на времето, во еден вид енциклопедија на мртвите крај живите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)