арачлија м.

арачлија (м.)

Ни град полињата житородни ги беше фатил, ни рој од скакулци се вдал, ни султанот арачлии час предвреме им пратил да збира арач лут без жал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
25. НА СВАДБАТА ЗГОРА И АРАЧНИКОТ МУ ДОЈДЕ - оној службеник ревносно што собира наем, а, пак, јадењето, пиењето и свирките тој ден ги пресмета во тефтерот за доживотен заем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
- Ајде, ајде! Ќе има леб за сите. - зборуваше арачлијата подигајќи го старецот од калта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)