арам (прид.)

НАЦА: Ако те види, ќе ти ги искрши коските. Кога ќе ти викне: „А, дембел ниеден, арам ми го јадеш лебот“.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Ами коа била таа душа шо си а продала кошулата од грбот, да ѝ е арам? — праша Доста небарем не ѝ текнува откаде е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Арам да ми е верувањето во Пророкот ако не те заколам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)