апокалипса ж.

апокалипса (ж.)

Во една симболична констатација, волкот е предвесник на апокалипсата. Незаситен голтач на времето. Така барем нѐ учеа на факултетот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во илјада осумстотини триесет и петтата, во доба кога јавачите на апокалипсата биле вечни и достојни на обврските и кога толпа тврдоглави Кукулинци терале спрегнати двоколки преку планини и беспатици да донесат од крај свет камења за ред воденици, Јаков Иконописецот го запалил богољубивиот Круме Арсов но најдивите од дружината го зграпчиле пироманот и го обесиле.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сите како да ја очекуваа козјата апокалипса!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како и да е, има навистина премногу слоеви за читање кај Гринавеј („Бебето на Макон“, на пример, може да се сфати и како филм кој медитира над фамозното транс-историско непријателство меѓу иконофилите и иконофобите?!), но тонот на апокалипсата секогаш е доминантен, не давајќи му кој знае колку простор на, од друга страна сепак прекрасно рафинираниот хумор на Гринавеј, многу суптилно ужлебен меѓу „литерарното“ и филмското”; сарказмот, велам, сепак доминира и често дотура прав врз и онака распаднатите кулиси на еден одамна умрен свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, Вие, кого, според книгите, го сметаат за пророк -  Зарем...?  ...пророк на апокалипсата, зарем навистина верувате дека небото ќе се затемни?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Го правеа заради Бомбата, поради загадувањето на животната средина, поради четирите коњаници на Апокалипсата, затоа што уништувањето може да се случи додека да трепнеш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секој посветен уметник стреми кон невозможното. Успехот ќе ја испише Апокалипса преку небото.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не случајно на нишан на стратезите на комунистичките идеи беше апокалипсата, визијата од светите книги за крајот на човештвото, историјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И затоа е готов да го бара излезот и во Апокалипсата!?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Револуцијата, на која се повикува Маркс, најмногу упатува на Апокалипсата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тотално реалистичен пејсаж: Вардариште, купишта смет, будложери во акција, се во сиви тонови, а над таа апокалипса се извишуваат нови солитери... Дисхармонија во просторот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Боцевите другари се збираат да се поразговараат за настаните, што со секој ден напираат сѐ понови и потревожни, и се мачат да ги подведат најновите известија под боговдохновените предвидувања на Откровение Јоаново, да узнаат по тие знаци на кое место се наоѓаме по патот на апокалипсата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе биде тоа организирана балканска матанѕа на јагулите, кои се беа разминале со јатото туни, кои ќе ја доживеале или избегнале медитеранската апокалипса.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше луѓе кои ги искривуваа лицата, го извитоперуваа гласот, и се претставуваа како ѓаволи, нудеа откуп на душите, најавуваа апокалипси, се закануваа дека на прагот е настапувањето на царството на темнината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некои луѓе отворија чадори, други потрчаа по засолниште како да дојавале лично четирите коњаници на Апокалипсата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Апокалипса. Крај на светот што го познавам. Колку е сладок новиот почеток.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ти кој ќе бидеш Господар на мојата апокалипса. Ти мора да знаеш...
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)