апаратура ж.

апаратура (ж.)

Интересна техничка новина претставува проветрувањето на блоковите со помош на специјална апаратура, која влегува во дејство сообразна на температурата и влагата на блокот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ја има својата менопауза, своите месечни циклуси, целата таа генитална апаратура која е мошне чувствителна; Ништо не правиш бадијала.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Простете“, - го прекина ученикот кој беше го поставил прашањето, „кога велите мерење - претходно зборувавте за застарена апаратура и технологија на мерењето.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Партизанско буре- сложена апаратура за уништување на партизанските вошки.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Само таму постоеше високософистицирана апаратура за такви анализи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)