анатомија ж.

анатомија (ж.)

Станува ли хирургот филигранист на човековата анатомија кога ќе умрат лисјата?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Прво имаат една година настава по физика, ботаника и хемија, а потоа сецираат мртви човечки тела во рамкиѕе на предметите анатомија и физиологија.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Една година анатомија и физиологија.
„Маргина бр. 21“ (1995)
“Капетанот Џон” беше познаник на сите генерации ученици во гимназијата: тоа беше скелет врз чии земни останки ние ја учевме човековата анатомија на часовите по природни науки.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Подоцна, во циркусот, кога созреав како маж, се убедив дека анатомските можности во технологијата на љубовта се сепак ограничени (иако можат да бидат мошне богати) и дека се сведуваат на тие, во суштина – неколку препознатливи сигнали и движења што се вообичаени, и дека без потреба сум се лутел на Луција таа ноќ на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пред мене го имам твојот осврт кон студијата „Анатомија на власта“ од Галбрајт и оној суптилен есеј за тоа како гледале на власта Исус и неговите ученици, посебно Павле.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ајде бре, не играј играчки со мојата анатомија. Не е тоа твојата политичка економија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бубам латински називи за делови од човечкото тело. Тоа ти е анатомија, ако не си знаел.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во единаесет почнуваше неговата омилена „Час по анатомија“, потоа на полноќ беа вестите на Сител, најновите настани околу студентските немири во Грција и можното поскапување на струјата.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Идеална сцена за масло на платно - час по анатомија, или свежа мртва природа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кога правевме паузи меѓу читањата и одевме во дворот на библиотеката, брат ми ми кажуваше работи кои тешко можев да ги разберам, но сепак внимателно го слушав, бидејќи знаев колку му е важно некој да го сослуша, затоа што неговите пријатели беа посветени само на медицината, а тој сакаше нешто повеќе, тој сакаше да ги разоткрие тајните на човечкото суштество кои беа отаде анатомијата; Зигмунд беше уверен дека тоа растајнување би можело да се направи со вкрстување на разумот и чувствата, тој велеше дека и размислувањето, и чувствувањето се есенцијален дел од нас, и само при „соработката“ на тие два дела човекот може да се осознае самиот себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да се постигне процут во духовна и физичка смисла и речиси совршена анатомија на личноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК