аналоген прид.

аналоген (прид.)

Само во онаа мера во која феминизмот е повеќе од едно прашање на специфични реформи тој е аналоген со комунизмот од деветнаесеттиот век.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Неговото надворешно однесување е одбрамбен систем којшто е аналоген на безбројните отвори кон подземните премини за кои човек си замислува дека ќе го воведат во подземната цитадела, но тие водат во други насоки или не водат никаде.
„МАРГИНА 22“ (1995)
За да можеме да ја подобриме позицијата на работничката класа и аналогно на тоа да обезбедиме носење на позитивно - правни прописи кои ќе го штитат работникот, мора да создадеме клима во која законите кои му даваат привилегија на трудот ќе бидат почитувани!
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)