аналитички прид.

аналитички (прид.)

Ги потчинува на аналитички расудувања двата алармантни краја на постојната приказна за егзилот: бегството од Албанија и мечтата за враќање во роднокрајот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се случило еднаш, кога аналитичките служби на министерството останале без крунски аргумент за една инструкција која требало да се испрати до сите амбасади во светот, тогаш министерот решил да побараа мислење од улавиот дипломат на мансардата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во потрага сум по докази за мојата способност на утврдување при аналитичките детекции на предодредувањата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така ја задоволувам волјата. Ѝ задавам најразлични интриги, сочни за аналитичко набљудување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Навлегувам во нова фаза, најдобар спој од сите тари и добро познати умерености, опуштеноста, аналитичката промисленост, посебниот шарм и добронамерност се моите основни инстинкти.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во студијата ќе бидат обработени законските измени и дополнувања во периодот 2010-2014 година, кои треба да заокружат еден петгодишен циклус, кој пак понатаму би служел како нова основа и инспирација за следните аналитички потфати од ваков тип.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)